МЗ: Министерот Тодоров ќе даде одговор на интерпелацијатa

од desk3
118 прегледи

Министерството за здравство изрази благодарност до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што, како што вели, му дава можност во законодавниот дом да ги соочат фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега, колкави биле инвестициите во здравството, колкави се сега, како и севкупно каде било здравството претходно, а каде е сега.

nino-todorov-640x320 (1)

Опозицијата денеска соопшти дека поднела барање до Собранието за интерпелација на министерот за здравство Никола Тодоров.

„Со користење на инструментот ‘интерпелација’ СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството и со конкретни податоци да разговараме за проекти и реформи реализирани во здравствениот систем. Во таа смисла, со почитување на сите законски и деловнички процедури министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата и истиот ќе го образложи пред законодавниот дом“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.