61
Германија ќе врати десетици илјади луѓе на кои им е одбиено барањето за азил на Балканот во наредните месеци, соопшти денеска германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазијер, додека Берлин го заострува својот став кон економските мигранти во светло на бегалската криза.
-„Очекувам дека во наредните месеци, бројот на репатријација, доброволни враќања и депортација значајно да порастат“-рече Мазијер.
Сојузната канцеларија за миграција и бегалци задолжена е да „реши бројни нерешени барања за азил“ пред Божиќ, наведе министерот, додавајќи дека тоа значи дека десетици илјади одбиени баратели на азил од Балканот ќе мора да ја напуштат Германија.
Во обид да ослободи ресурси за решавање на проблемот на бегалците од воените жаришта како Сирија и Ирак, Германија овој месец донесе закон со кој е проширена листата на територии кои се означени како безбедни на Косово, Црна Гора и Албанија.Германските власти до сега вратија 11 000 луѓе, додека 27 000 доброволно ја напуштија земјата со финансиска помош.
Во Германија од јануари до септември биле поднесени 577 307 барања за азил. Од нив 66 311 се барања од државјани на Албанија, а 32 258 од Косово.