Европската Унија побара од Србија воените касарни да им ги отстапи на бегалците од Блискиот Исток, кои во текот на зимата ќе се задржат во Србија, пишува српски „Курир“.

migranti-n1

На самитот за мигрантите во Брисел е договорено дека секоја транзитна земја ќе задржи одредена квота на мигранти за да и помогне на Германија да се подготви за нивно прифаќање.

-„Уште не е прецизирано колкава квота ќе има Србија, но се претпоставува дека станува збор за околу 10 000 мигранти. Тие би биле задржани најмалку три дена пред да го продолжат патот. За тоа време би биле сместени во касарни.-пишува Курир.

Претходните денови биле разгледувани повеќе објекти, но конечна одлука треба да донесе Министерството за социјални прашања.

Слични содржини