Русија ризикува да биде заглавена во ново блато по налик на Авганистан, освен ако не се вклучат со наоѓање на политичко решение за Сирија, изјави шефот на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини во пресрет на меѓународната средба за Сирија во Женева овој петок.
Министрите за надворешни работи од Западна Европа и САД ќе се сретнат со своите колеги од Русија, Саудиска Арабија и земјите кои граничат со Сирија – вклучувајќи го и за прв пат и Иран.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ќе се приклучи на преговорите, придружуван од тројца заменици, како одговор на поканата на САД. Досега САД, поддржани од Саудиска Арабија и други држави од Персискиот залив, инсистираа Техеран да не учествува во преговорите.
Непосредно пред Иран да потврди дека ќе присуствува, Могерини спровела телефонски разговор со Зариф.
“За мене најважно е дека успеавме да ги вклучиме засегнатите страни”, рече Могерини во интервју за “Гардијан”. “Ако не го направиме тоа, само влијание што го имаме на земјите вклучени во конфликтот, нема да е доволно за да започне транзицијата. Има многу конкретни идеи за тоа како ќе изгледа преминот во однос на реформата на уставот, во однос на изборите. ”
Таа рече дека учеството на Русија исто така е од клучно значење за напредокот. “Верувам дека Русија е свесна дека ако тие не вложат напори за почетокот на политички процес, ризикуваат да бидат заробени во едно авганистанско сценарио во Сирија. Голем дел од арапскиот свет и муслиманското население на Русија ќе гледаат на активностите на Москва како на интервенција во поделбата меѓу сунитите и шиитите “, рече Могерини.

Таа рече дека присуството на руски муслимански борци меѓу џихадисти во Сирија ќе биде сериозна закана за безбедноста, ако тие се вратат дома. “Мислам дека Русите гледаат многу јасно гледаат за воената закана … во нивен интерес е да помогнат за почетокот на политичкиот процес”, додаде таа.
Ентони Блинкен, помошник на државниот секретар на САД, коментира дека Москва е под притисок да најде политички договор по воената интервенција.
“Русија сега има поголем поттик и влијание да го насочи Асад и режимот кон транзиција”, рече Блинкен пред France 24. “Сите земји сфаќаат дека не може да има само воено решение за Сирија и оваа идеја започнува да се препознава од Русите. ”
Не е познато дали претставниците на Иран и Саудиска Арабија, долгогодишните ривали во регионот, всушност, ќе седнат на една маса за време на преговорите. Исто така не е јасно дали Техеран е официјално ги прифатил и принципите договорени во Женева во 2012 година, дека мировниот процес минува низ формирање на преодна влада, формирана по заемна согласност на режимот на Башар Асад и сириската опозиција. Усвојувањето на оваа формулација досега беше предуслов за учество во меѓународните преговори за Сирија.

САД и нивните сојузници го повлекоа барањето си Асад да се повлече пред почетокот на мировниот процес, но инсистираат на тоа дека неговото заминување треба да е резултат на овој процес.
Во вторникот францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус беше домаќин на состанокот на министрите од САД, Велика Британија, Германија, Италија, Саудиска Арабија, Јордан, Турција, Катар и Обединетите Арапски Емирати, за да разговараат за нивните заеднички позиции.
“Ние ги разговаравме условите на политичката транзиција, која треба да обезбеди заминувањето на Башар Асад, како и од потребата да продолжиме со напорите за борба со” Исламска држава “во Сирија, додека ја поддржуваме умерената сириската опозиција, чија улога во идните преговори беше нагласена” изјави Фабиус во соопштението.
Могерини рече дека разговорите во петок треба да се фокусираат на уставните промени потребни за обезбедување на фер транзиција.
“Ние треба да се осигураме дека се вклучени сите, вклучувајќи ги и претставниците на режимот”, рече таа.
