Поповска: Братче Стево, уживај си ти, сега стана човече со патент на уста

од desk3
77 прегледи

Пратеничката од ДОМ, Лиле Поповска, на седницата наменета за поставување пратенички прашања, рече дека не е задоволна од одговорот што го добила на поставеното пратеничко прашање на претходната седница на Собранието.

lile-popovska

Таа прашала дали Владата ќе обезбеди повеќе пари за надзор на квалитетот на воздухот, а како одговор добила дека Министерството за животна средина побарало 50 милиони денари, а добило само 17 милиони денари.

– Во одговорите пишува дека парите одобрени за надзор на квалитетот на воздухот се добри со оглед на ограничените буџетски средства. Какви ограничени буџетски средба, па буџетот во 2016 година е најголем досега. Во буџетот има пари, но тие се наменети за тврда градба, за споменици и за тркала во Вардар, а не за воздухот – рече Поповска.

Таа додаде дека не е задоволна од одговорот, но дека нема кому да му постваи дополнително прашање.

– Кому да го поставам дополнителното прашање, на мојот пријател Стево Темелковски? Братче Стево, уживај си ти, сега стана човече со патент на уста – рече Поповска.

МЕТА