Владата на Србија и Банката за развој на Советот на Европа утре ќе потпишат договор за неповратна помош за справување со проблемот со имигрантите, соопшти денеска српското Министертсво за труд, вработување и боречки и социјални прашања.

мигранти3

Како што јави Танјуг, врз основа на овој договор Банката на Србија ќе и исплати 2,3 милиони евра наменети за задоволување на најитните потреби на имигрантите во прифатните центри и за обезбедување на најнеопходната поддршка во форма на храна, медицнски средства и опрема.

Средставата че бидат исплатени во рамки на програма наречена „Систем за постојана испорака на помош за имигрантската популација во Србија“.

Од почетокот на годинава во Србија влегле над 316.000 имигранти, од кои речиси сите земјата ја користеле само како транзитна рута на нивниот пат кон западноевропските земји.

– Србија вложи големи напори со цел да ги регистрира имигрнатите што минуваат низ нејзина територија и да им обензбеди сместување, храна, вода и неопходна медицинска помош, се наведува во соопштението на српското Министерство./МИА

Слични содржини