Фоторепортери на крајбрежјето на Лезбос направиле срцепарателни фотографии од моментот на оживување на бегалските деца кои испловија од Измир. Бегалците почнале да се дават, бидејќи појасите за спасување кои ги купиле биле лажни.

685796_deca-lezbos07tanjugfoto-tanjug-ap_ff

Според досегашните информации се удавиле најмалку пет лица, од кои три деца.

Полицијата трага по уште дваесет мигранти за кои се верува дека исто така се мртви. До сега се спасени 242 луѓе, а во акцијата за спасување учествувале италијански, британски,словенечки и германски спасувачи и лекари.

Она што е застрашувачко е фактот дека децата се удавиле поради лажни појаси за спасување кои им ги продале турски трговци во Измир. Тие биле наполнети со хартија.

685706_izmir-pojasi-za-spasavanje1-foto-profimedia-rs_ff

Фотографиите на трговците од Измир беа објавени на интернет набрзо по трагедијата во Грција.

Само овој месец на крајбрежјето на Грција се удавија 34 бегалци, додекабројот на жртвите кои се удавиле во 215 године е повеќе од 3200.

CSb4UndWoAA6sGU

Слични содржини