Олигарси, комунисти, власт

од desk3
131 прегледи

Молдавскиот парламент го симна од власт про европскиот кабинет на премиерот Валериу Стрелец. Гласањето за недоверба беше поднесено од проруските партии, а соборениот премиер се сомнева дека режисер на целото сценарио е еден олигарх.

0,,18040476_303,00

По долгата со месеци политичка криза, падот на владата е ништо, но не и изненадување. Не е изненадувачки и начинот на кој Проевропскиот кабинет на Валериу Стрелец беше соборен од власт: 65 од вкупно 101 пратеник во молдавскиот парламент ја поддржаа иницијативата за недоверба, поднесена од социјалистите и комунистите. Иницијативата на проруската опозиција беше поддржана и од некои пратеници од владејачката коалиција, кои видоа во овој потег можност за ново мешање на картите во Кишињев. Валериу Стрелец, кој беше трет премиер од проевропската коалиција во рок од една година, се задржува на власт помалку од 100 дена.
Можните сценарија

0,,18814784_404,00
25 години по прогласувањето на молдавската независност, општеството во поранешната советска република продолжува да е поделено на два табора – проевропски и проруски. Но разочарувањето од досегашната проевропска влада ги зајакна дополнително позициите на социјалистите и комунистите. Ништо чудно, тогаш прорускиот камп околу лидерот на социјалистите Игор Додо и основачот на формацијата “Нашата партија” Ренато Усати издејствуваа нови избори.
Мотивите на “дезертерите”, пред сè од редовите на демократите, се сосема други. Тие се надеваат дека “конструктивната интерпелација” ќе доведе до нова распределба на владината власт, без да се одржат предвремени избори. Сојузот меѓу либералите, либерал-демократите и демократите е зависен од поддршката на поранешниот премиер Јурие Лјанка кој сега како “независен” може да се движи во едната или другата насока. Се зборува дури дека токму тој би можел да биде новиот премиер на Молдавија. Прашањето е дали демократите ќе го следат или ќе направат нова коалиција со проруските партии. Во последните денови и недели имаше многу знаци за таков развој.
“Расчистување на сметки меѓу олигарси”

Уште пред гласањето на недоверба премиерот Стрелец изјави дека Молдавија е на пат да биде задушена во “другата страна на менгемето на криминалните интереси”. “Настаните покажуваат дека европските вредности беа брутално” силувани “од еден корумпиран политички систем”, изјави Валериу Стрелец. Соборениот премиер (а и не само тој) се сомнева дека режисер на целото сценарио е олигархот Влад Плахотнкук, за кого се смета дека стои и зад апсењето на големиот негов непријател – поранешниот либерално-демократски премиер Влад Филат. Минатата година од банкарскиот систем на Молдавија на мистериозен начин исчезнаа една милијарда долари. Се вели дека Влад Филат има прст во оваа афера. А милијардерот Влад Плахотнјук, кој до неодамна беше заменик-претседател на Демократската партија, во меѓувреме се откажа од сите политички позиции и сега ги влече конците зад сцената. Експертите зборуваат за “расчистување на сметки меѓу олигарси”.
“Кражбата на столетието”

0,,18760852_401,00
Со месеци илјади Молдавци протестираат во Кишињев поради криминалните односи во власта и сеуште неразчистената банкарска афера, нарекувана “кражбата на столетието”. Организатор на протестите е граѓанската платформа “Достоинство и вистина”, чиј претставник Валентин Долганјук е убеден дека зад сегашните настани стои човекот кој “моментално ги влече сите конци”, имено – олигархот Влад Плахотнјук.

Молдавскиот експерт по уставно право Виталиј Катана смета дека гласањето на недоверба ги приближува проруските сили до целта да ја преземат владината одговорност. “Во моментов има една единствена алтернатива за коалиција. И тоа е левицата”, вели Катана.

Владата на Стрелец останува привремено на власт, додека шефот на државата не назначи нов премиер. Проевропските партии веќе изјавија дека се подготвени да поднесат предлог за нов кабинет за една недела. Според уставот, партиите имаат на располагање три месеци за изготвување на нова влада. Ако не успеат во овој период, претседателот треба да го распушти парламентот и да прогласи предвремени избори.