Заборавете за валканите, едноставни метро станици. Зашеметувачката подземна мрежа на Москва изгледа толку спектакуларно, како тоа да се ентериери на палати.
Метрото во руската престолнина е едно од најбрилијантните и најимпозантните во светот.
Подземниот железнички систем е отворен во 1935 година за време на комунистичкото управување на Сталин.
Фотографот Дејвид Бирд успеал да ги сними најубавите метро станици во Москва, откако тие му биле обезбедени од општината за 4-часовен пристап без присуството на патници, па тој да може да ја улови нивната величенственост.
Како што се гледа од кадрите на канадскиот фотограф, метрото во Москва е богато украсено со блескавите лустери, полиран мермер, ефектни декорации, убави сводови во меки бои и т.н.
Осумдесет годишното московското метро превезува околу 9 милиони патници секој ден. Неодамна беа направени планови тоа да биде проширено и да стане четвртото најголемо метро во светот, а тоа треба да се случи до 2020 година.
Видете ги фотографиите на фотографот Дејвид Бирд во галеријата.