75
Стотици мигранти, некои со деца на раце, ги пробиле граничните метални бариери и полицискиот кордон и влегле од Словенија во Австрија, објавија српски медиуми.
Неколку лица се онесвестиле во пробивот недалеку од граничниот премин Шентил.
Од словенечка страна во моментов чекаат блокирани уште околу 4.000 луѓе.
Австриските власти имаат големи проблеми со прифаќањето на илјадниците мигранти кои пристигнуваат секојдневно од Блискиот Исток, Азија и Африка.
Во четвртокот бегалци, нервозни од часовите чекање на студот, се обидоа да ја прескокнат оградата, да ја пробијат полициската бариера и да ја преминат границата. Некои од нив успеаја, но други беа запрени од австриската полиција.
Речиси 105 000 луѓе влегоа во Словенија во изминатите две недели.