Германија забрани рекламирање кондоми за повеќекратни оргазми

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Германските власти го забранија рекламирањето на кондоми, кои ветуваат повеќекратни оргазми. 4483368

Германската компанија “Ајнхорн” добила забрана да користи рекламата за пакет од 7 кондоми кои гарантираат повеќекратен оргазам. По сигнал на конкурентна фирма, судот го забрани рекламирањето, поради тоа што може да ги “изопачи” луѓето и да ги поттикне кон опасен секс.

Во одговор “Ајнхорн” објасни дека мотото за повеќекратен оргазми е очигледна шега, но судијата одлучи дека купувачите на овие производи не можат да ја разберат смислата за хумор. Затоа, тие ја гледаат рекламата како препорака за повторна употреба на еднократен кондом.

Во рекламата производителите на кондоми, погодни и за вегани, ветуваат 21 оргазам при користењето на пакет со 7 кондоми. Тоа значи дека секој кондом гарантира три оргазма. Судот одлучи дека младите нема да ја разберат идејата и ќе користат ист кондом неколку пати. Според судијата оваа реклама на пакувањето не одговара на медицинските стандарди.