Парламентарниот одбор за контрола на словенечките тајни служби го одби предлогот на опозицијата-словенечката војска и градежните фирми уште денес да почнат да градат ограда кон Хрватска поради бегалскиот бран.
Предлогот го поднесоа пратеници од редовите на опозициската Словенечка демократска партија, поради како што сметаат дека земјата ќе стане „тесн грло“ на Шенгенскиот простор, од кој би можела да биде и исфрлена и самата да се претвори во бегалски камп.
Ако денес почнат да поставуваат ограда на границата со Хрватска, Словенија би можела да ја подигне за две недели на целата должина од 671 километар на копнената граница, наведува опозицијата.
Шефот на словенечката разузнавачка служба Зоран Клемечиќ негираше дека на Европа и се приближуваат скоро 400 000 нови бегалци кои би можеле да поминат низ малата Словенија.
Според неговите информации, бегалскиот бран од Турција и Грција кон северодзапад се смирува и нема нови информации за големи бегалски приливи во следните неколку месеци.