ФСП: Престанете да се криете позади партијата и позади членството

од desk3
150 прегледи

forum-slobodnoumniPatrioti11
Форумот на слободоумни патриоти сака да ја изрази својата загриженост после неколкуте изјави на амбасадорите во Република Македонија, како и после изјавите на претставниците на меѓународната заедница со која ВМРО ДПМНЕ се посочува како директен виновник за моменталната блокада на преговорите со кои во интерес на граѓаните треба да се надмине политичката криза во Република Македонија.
„Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО ДПМНЕ на разум и одговорност во овие тешки моменти за Република Македонија.

Прекинете да и нанесувате штета на партијата, превземете одговорност за постапките кои сте ги правеле и престанете да се криете позади партијата и позади членството.

Прекинете да ги злоупотребувате четирите свети букви и да газите преку делата на многу Македонци кои животот го посветиле на Македонија.

Форумот на слободоумни патриоти сака да го потсети раководството на ВМРО ДПМНЕ дека местото на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО алијансата, нешто што е дефинирано во прогласот за формирање на ВМРО ДПМНЕ уште во далечната 1991 година. Имено сакаме да ви укажеме дека овој проглас до ден денес не е променет и никој неможе самоволно да го променува. Господо доколку не сте запознаени со содржината на Прогласот за формирање на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи во партијата сте дојдени многу подоцна, истиот побарајте го во архивите на партијата, а ако и таму го нема ние ви стоиме на располагање да ви го доставиме истиот“, стои во соопштението на ФСП.