Државниот долг е намален и согласно Законот објавен на крај на кварталот

од desk3
94 прегледи

Министерството за финансии согласно Законот за јавен долг на крајот од секој квартал прописно и уредно го објавува државниот и јавниот долг и тоа го направи и денеска на крајот од третиот квартал. Сите податоци за државниот и јавниот долг може да се најдат на веб страницата на Министерство за финансии.

2014-08-29-nova-zgrada-min-za-finansii_13

– Затоа не гледаме која е причината за реакција од страна на опозициската СДСМ, наведува Министерството по денешните обвинувања на опозициската партија дека не се почитува Законот за јавен долг.

За третиот квартал од годинава државниот долг изнесува 36 отсто од БДП и споредбено со вториот квартал претставува намалување за 5,2 милиони евра односно за 0,1 процентен поен. Јавниот долг изнесува 43,9 отсто од БДП додека претходниот квартал изнесувал 43,7 отсто. /МИА