Демонстранти денеска се судрја со грчката полиција која ја чува оградата на север меѓу Грција и Турција после серијата несреќи во морето во кои се удавија десетици мигранти.

PANews_P-bb51fa3d-6c49-4feb-8514-836dca970a02_I1
Околу 500 антивладини демонстранти кои допатуваа од Атина и од неколку други градови во северна Грција учествуваа во судирот во близина на границата. За сега нема информации дали некој е повреден или уапсен.
Тие бараат од Грција да ја урне оградата и да им дозволи на бегалците да поминат по копнен пар,наместо да ги ризикуваат животите преминувајќи преку мора во обид да стасаат во Европа.

Некои од демонстрантите фрлаа камења по полицијата,која возврати со солзавец.

Грчката влада вели дека не може да ја тргне оградата од практични причини и ги повикува другите земји на ЕУ да ја забрзаат помошта ветена за операции за спасување и потраги во Егејското Море.

Повеќе од 60 луѓе,од кои половина деца, ги загубија животите во изминатите четири дена во обид од Турција да стигнат до грчкиот остров Лезбос.

Слични содржини