Во последните 20 години, 20 несреќи на руски авиони – 1330 жртви

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Во последните 20 години се случиле 20 несреќи на патнички авиони на руски компании,во кои загинати 1330 луѓе, пишува Индепендент.

_86429144_86429143
Уривањето на авионот денеска над Синај е последна несреќа во серијата трагедии на патнички авиони на руски авиокомпании.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, се изродија десетици мали авиокомпании. Меѓу нив и Когалимавиа, базирана во Северен СИбир, авиокомпанија чиј авион се урна во Египет.

Трагедијата во Египет не е прва на Когалимавиа. На Нова година во 2011, авион кој требаше да лета од Сургут до Москва се запали додека уште беше на писта, а тогаш погинаа четворица луѓе.

Вознемирувачка е бројката од 1330 загинати во авионски несреќи во последните 20 години, ако секаде во светот се унапредува авионската сигурност. Во Велика Британија, во која има повеќе летови и патници од Русија, последна ваква несреќа се случила во 1989 година во Кегворт.

Трагедиите како последната се релативно ретки, иако во последните две години се случија серија како денешната, токму во фазата на летот во кој се урна рускиот Аирбас над Синај.

Пред неколку месеци, Аирбас А320, ист тип на авион како оној што се урна денеска во Египет, се урна во морето Јава.