На погрешно место, во погрешно време-кревет фрлен од 13 кат на хотел погоди пешак

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Маж, околу 20 години, чиј идентитеtсе уште не е откриен, со хеликоптер е префрлен во болница откако врз него падна кауч фрлен од 13 кат од луксузен хотел во Лондон.

download

Несреќата се случила на плоштадот Леичестер во западен Лондон, а момчето се здоби со тешки повреди. Шокираните сведоци раскажаа што се случило.

-„Изгледаше како пола лице да му го нема. Вриштеше од болка.“-изјави еден од очевидците.
Каучот „излетал“ од хотелот со пет звезди, а лондонската полиција потврдила дека добила дојава за случајот.
Според болнички извори повредите се тешки, но момчето не е во животна опасност.
Од хотелот велат дека намештајот бил фрлен од делот во хотелот кој е во приватна сопственост. Истрагата е во тек.