Изутринава во  во 7 часа почна а вториот круг на локалните избори. Денес  се избираат градоначалниците на 133 општини во соседна Бугарија Во првиот круг беа избрани градоначалници во главниот град и 10 регионални центри, меѓу кои Бургас, Варна, Русе и други.

избоори

Денес треба да бидат избрани  градоначалници на Пловдив, Хасково, Ловеч, Враца, Перник, Ботевград и други населени места. Вкупниот број на гласачки ливчиња за вториот круг на локалните избори е 1128 – 133 за градоначалници на општини, 25 за реонски градоначалници и 970 градоначалници на општини, соопшти Централната изборна комисија. Гласањето минатата недела беше продолжено. Множеството сигнали за згрешени  протоколи и “исчезнати гласови” предизвикаа сомнежи за чесноста на гласовите. Изборите беа одбележани и од она што се случи во салата “Арена Армеец” во Софија, каде што членовите на изборната комисија беа држени речиси цел ден изолирани од светот. Членови на СИК предупредија дека може да не  се оди во вториот круг поради проблемите. Од ЦИК уверија дека бројот на одбивање на  членови е нормален и очекуваат денешниот изборен ден да премине во редовна  ситуација.

Слични содржини