Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Романија Клаус Јоханис по повод пожарот во ноќниот клуб во Букурешт во кој загинаа 27, а беа повредени 200 луѓе.

457c741c47b54b62b5f6d0b4b13adf87-Photo-2-400x258

– Со тага ја примив веста за една од најголемите несреќи во Букурешт во изминатите децении и искрено жалам за загубените животи од овој трагичен настан. Во овие тешки моменти за вас, за граѓаните на вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да ви упатам изрази на најдлабоко сочувство, вели претседателот Иванов упатувајќи изрази на сочувство до неговиот романски колега.

Слични содржини