(ВИДЕО) Мартија со неверојатна изведба на „Take me to church“ на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Годинава девојките ни го белат образот на регионалното шоу за деца „Пинкови ѕвездички“. Мартија Станојкович од Куманово во деветтата епизода од шоуто се претстави со неверојатна изведба на светскиот хит “Take me to Church“.

11 годишната ѕвездичка се издвои по својот талент и храброст уште во првиот свој настап преку изборот на уште еден хит за своја песна, светски популарниот сингл “All about the bass“.

Таа доби 5 столици и овации од жирито и си обезбеди влез во третиот круг. Martija-Stanojković-Take-me-to-church

Гоца Тржан ѝ порача дека во неа се препознава неверојатен оган и дека вокалот ѝ е феноменален, а најмногу ѝ се допаѓа тоа што таа целата интерпретација секогаш ја претвора во свое дело.

“Јас сум воодушевен и би те издвоил за сега како комплетна ѕвездичка“ -рече Милан.

„Сите пофалби за сигурноста, интонацијата, бојата на гласот, толку убаво се носеше со оваа песна. Браво“ -рече Јелена.

„За вечерва најкомплетниот настап. Вечерва беше најдобра“ – рече Хари.

„Јас би рекла не само за вечерва, таа е најперспективниот македонски иден изведувач. Совршено за 11 години!“ -ја пофали Леонтина.