Владеачката конзервативна партија на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на предвремените парламентарни избори во Турција. АКП очекува дека сама ќе ја формира Владата. Излезеноста на денешните избори е 87,2 проценти.

download (1)

Според прелиминарните резултати од преброените 51,85 отсто од избирачките ливчиња, води владеачката партија со освоени 331 место во Парламентот.

Врховната изборна комисија на Турција ги објави прелиминарните резултати, а во тек е пребројување на останатите избирачки ливчиња.

Турската телевизија НТВ објави дека АКП освоила 51,8 проценти од гласовите и додаде дека ќе има апсолутно мнозинство кое го изгуби на претходните избори одржани пред пет месеци.

Најголемата опозициска партија освои 119 места во парламентот од вкупно 550, МХП доби 46 места, а прокурдската левичарска Народна демократска партија освои 54 мандати.

Слични содржини