Пребарувачки тимови ја пребаруваат обемна област во Синајската Пустина, каде во саботата падна руски патнички авион, и ги собираат личните предмети на загинатите 224 лица – сите туристи и екипажот на Ербас А321.
Во оддалечен дел од Синајската Пустина се собираат ретките останки од авионот, кој се распаднал високо во небото. Јагленисаните остатоци и шарени куфери се собирани од руски инспектори, додека египетските воени хеликоптери кружат над нивните глави и бараат остатоци и тела.
Борци поврзани со “Исламска држава” во Египет презедоа одговорност за трагедијата, но официјални лица во Каиро и Москва ги отфрлаат овие тврдења. Барањето на одговори за тешкиот инцидент допрва почнува.