Зима сигурно е сезоната, во која телото и кожата бараат повеќе грижа отколку во останатото време од годината.
Силните ветрови и ниските температури често оставаат траги врз местата на кои кожата е нежна.
Обично, усните во зимските денови често страдаат од напукнување, сушење и црвенило – нешто што освен што не изгледа убаво, предизвикува и непријатност.
Ви претставуваме неколку идеи со кои ќе ги сочувате усните меки, нежни и подготвени за бакнежи.
Ви претставуваме неколку трикови до кои ве советуваме да се придржувате оваа сезона.
1. Кармин
Пред да започнете со козметичките производи, осигурајте се дека усните се чисти и добро ексфолирани, за да не ги уништите убавите пигменти во карминот. Хидрирајте пред секое нанесување. Ставете боја во средината на горната и долната усна и дури тогаш преминете кон краевите. Притиснете ги усните една врз друга, за да пренесете нијанси и да разнесете добро.Ова може да го направите со употреба на хартиена крпа. Нанесете уште еден слој кармин.
2. Палета
Ако сакате усните да се издвојат, изберете ги боите кои се соодветни за вашата кожа, коса и очи. Изберете различни нијанси и држете ги секогаш во себе, за да имате алтернатива од различни бои кои изгледаат свежи и модерни во текот на сезоната.
3. Текстури
Селектирајте текстури кои вашата кожа добро ги толерира. Од “мокар” ефект до глоси, кармините се достапни во различни текстури, меѓу кои можете да изберете. Ова, се разбира, зависи и од поводот кој ви претстои. Сјајот прави да изгледате млади и свежи, а мат ефектот е идеален ако сакате да постигнете повеќе класичен и бизнис изглед.