Според некои тврдења луѓето не се создадени за да останат во моногамија. Дали? Престанавме ли да веруваме во вистинската љубов, во стабилната врска и откриеното партнерство во љубовта … моногамијата е целосно можна и ако сакате во врската да бидете физички и емотивно посветени само на еден човек, видете ги следните совети.
Комуницирајте добро. Комуникацијата е од суштинско значење за здрава и моногамна врска. Споделете ги со партнерот вознемиреноста, позитивните емоции, сексуалните желби. Сакајте да бидете слушнати, но и бидете добри слушатели.
Задржете го пламенот на страста. Онаа желба, што некои ја нарекуваат и страст што се тестира во почетокот на вашата врска, ќе згаснува со текот на времето. Страста е како оган, ако еднаш ја запалите, треба постојано да ја одржувате.
Во напорното секојдневие, грижата за децата и семејството, како да не ни останува време да размислуваме за страст. Ако сакате возбудлива и моногамна врска, не заборавајте да ја задржите климата во вашата спална соба жешка.
Не одолевајте на искушението. Размислете за илјадниците последици кои доаѓаат со неверството. Дали вреди да се жртвува својата врска, довербата на саканата или сметате на тоа дека авантурата ќе биде еднократна и партнерот никогаш нема да дознае за неа?
Работете за остварлива цел. Една од причините многу парови да не можат да бидат моногамни е дека партнерите се оддалечуваат еден од друг. Секој има потреба од личен простор, но не дозволувајте надвор од времето за сопствени потреби, да се отуѓите еден од друг.
Патувајте често, ако имате можност. Патувањето ќе ви даде можност да излезете од рутината, да пробате нови работи, забава, да го промените барем малку животот и тој на саканата и не на последно место – да се откриете.
Останете позитивни. Во љубовта и семејниот живот ќе се судрите со многу разочарувања. Сепак обидете се да останете позитивно настроени. Обидете се заедно да преминете низ тешкотиите, инаку едниот од двајцата ќе побара утеха и разбирање кај друг партнер.
Не ги избегнувајте изненадувањата. Моногамијата е можна, ако и двајцата партнери се стремат кон неа. Тоа значи да ја прават постојано врската возбудлива. Одат на состаноци, да си прават често мали романтични изненадувања. Само така ќе си бидат сосема доволни и не би ја уништиле љубовта.