Резултатите од изборите на 1 ноември се јасни – Партијата на правдата и развојот (Adalet ve Kalkınma Partisi – AKP) ја зголеми поддршката за околу 9% од јуни наваму и си ја врати власта, која ја загуби тогаш. Трите опозициски партии загубија многу гласови, а со нив – и шанса да учествуваат во управувањето. Што доведе до таков драматичен пресврт во политичкиот пејзаж, прашува колумнистот на весникот “Хуриет” Серкан Демирташ.
Пред сè треба да нагласиме дека Турците се разгневија од растечката нестабилност. Политичкиот вакуум ги потсети на деведесеттите години, кога земјата беше под власта на неуспешни коалициски влади. Затоа желбата за стабилност беше водечка на изборите вчера.
Една од најважните разлики помеѓу двата круга беше дека последниот се одржа во време на насилство и терористички напади, какви Турција не беше ги видела долго време.
Два големи напади ја потресоа земјата – едното во Суруч во јули, а другото – во Анкара во октомври. Бомбаши-самоубијци убија десетици цивили на брутален начин. Во тоа време владата започна воени напади против “Исламска држава” – заканата која ја ужасна целата нација.
Препородот на нападите на нелегалната Курдистанска работничка партија (Partiya Karkerên Kurdistanê – PKK) дополнително му се испречи на турското општество. Сериозните воени дејствија на армијата против терористите ја привлекоа поддршката на граѓаните со националистички убедувања.
Тешките обвинувања на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и на премиерот Ахмет Давутоглу против прокурдската Народна партија (НДП) очигледно беа исто така добро пречекани од националистите. Така AKP се позиционира како единствената политичка структура која може да се бори против тероризмот и да ја смири земјата.
Една од најважните причини за порастот на гласовите за AKP беше неуспехот на Партијата за националистичко движење (Milliyetçi Hareket Partisi – MHP). Претседателот на MHP – Девлет Бахчели ја загуби речиси целата поддршка, а конзервативните приврзаници на партијата јавно не се двоумеа да гласаат за АKP откако престанаа да веруваат на водачот.
НДП исто така беше потресена. Само неколку месеци по историските 13% добиени на изборите во јуни, овој пат таа едвај успеа да го помине прагот од 10 отсто за влез во парламентот, иако сега е трета по големина партија во него. Веројатно конзервативните Курди се повлекле поддршката од НДП во корист на AKP.
Засилените терористички напади на PKK ги разстроија и разгневија овие луѓе, како и локални претприемачи и бизнисмени погодени од нестабилноста во Анадолија.
Најголемата опозициска социјалдемократската партија ја задржа поддршката и дури го зголеми бројот на пратениците во парламентот, но едвај некој е задоволна од резултатот. Републиканската народна партија (Cumhuriyet Halk Partisi – CHP) водеше позитивна и конструктивна предизборна кампања, а дури укина и многу од настаните поради бомбашкиот напад во Анкара. Очигледно тоа не помогна. Лидерството на Кемал Киличдароглу сигурно ќе биде доведено во прашање на конгресот на партијата догодина.
Иако изборите на 7 јуни беа слободни и еднакви, условите на 1 ноември беа многу потешки. Во последните пет месеци турските медиуми беа ставени под зголемен притисок. Државните институции ја презедоа контролата над печатени изданија и телевизиски канали само неколку дена пред изборите, а речиси сите јавни и приватни телевизии ја опслужуваа владејачката партија и претседателот.
Под овие услови AKP успеа да ја врати поддршката за себе на нивото од 2011 година, кога го собра секој втор глас во земјата.
Во краток преглед, можеме да кажеме дека две различни Турци гласаа во последните пет месеци. Резултатите најверојатно ќе доведат до она за што владејачките долго време го сонуваат – “новата Турција”. Останува да видиме како ќе изгледа таа.