(ВИДЕО) Исламисти користат кафези полни со заробеници како живи штитови во Дамаск

од desk3
77 прегледи

Исламисти користат кафези со луѓе како живи штитови, пријави Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Борци од екстремистичката група “Џаиш ал Ислам”, која дејствува во предградието на Дамаск, главно во Источна Гута, имаат железни кафези со затвореници, претежно од силите на режимот и нивните семејства.

KAFEZ

Локални извори информираат дека групата распоредила кафези во неколку реони и плоштадот во предградието. Тие истакнуваат дека оваа мерка е со цел намалување на воздушните напади од страна на Русија и други непријателски сили.

Има информации дека во Дамаск се наоѓаат од 50 до 100 кафези. Повеќето од цивилите биле уапсени пред 2 години.

Пред недели слични нешта беа направени од поддржувачи на сириската влада во два града. Тие поставиле кафези со луѓе на покривите на зградите, за да ги принудат бунтовниците и други исламски фракции да не бомбардирањетона градовите.

При последните напади на Русија во Сирија се убиени 227 лица.