Претседателот Иванов на средба со италијанскиот колега Матарела

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Италија, денеска во Рим ќе има средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, јави известувачот на МИА.ivanov-pritisna-makedonija-kje-dobie-nov-zakon-za-visoko-obrazovanie-220685

Во текот на вчерашниот ден, Иванов присуствуваше на церемонијата на поставување плоча во чест на Свети Кирил и Методиј во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, каде заедно со кардиналот Сантос Абрил и Кастиљо имаа пригодни обраќања.

Во рамки на официјалната посета на Државата Ватикан, претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Франциск, како и средба со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.