Можеби на ТВ “се е сјајно”, ама социјалните и политичките ризици во Русија може да доведат до нови масовни протести

од desk3
79 прегледи

Во цела Русија има сериозни управувачки проблеми, а голем број од нејзините региони веќе носат “зголемен ризик за властите”. Тоа го покажува претставениот вчера извештај на рускиот јавен Комитет за граѓански иницијативи за резултатите од истражувањето на социо-економскиот и политички тензии во одделни субјекти на Федерацијата, пишува “Независимаја газета”, цитиран од агенциите.

c8a8694f4a1434e13567e20f8440a13e

Најзастрашувачки според анализата е односот на политичките и економските ризици во 4 од 85-те руски региони – Москва и Псковската област во европска Русија, Курганската област (Урал) и кавкаската република Ингушетија. Зголемена опасност има во уште 10 региони, меѓу кои се с Дагестан и Северна Осетија во Кавказ, Еврејскиот автономен округ и Крим.

Во регионите од ризичната група , има негативни показатели кои влијаат на социо-економскиот притисок, политичкиот живот, протестната активност и интервенцијата на централните власти. Заедно, тие ја прават ситуацијата експлозивна, велат експертите на Комитетот, предводен од поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин. Тие не исклучуваат и да се повторат немирите во Москва, каде што во мај 2012 година имаше протест против враќањето во Кремљ на Владимир Путин.

Отворено останува според нив прашањето кога лошата политичка и економска клима ќе предизвика масовни протести. А дали настаните ќе прераснат во криза од видот на протестите во 2011-2012 година, зависи од тоа како руските власти ќе реагираат на деградацијата на животот во земјата.
“Територии со зголемена граѓанска активност и потенцијални локации за собири во Русија” се Москва, Санкт Петербург, Новосибирск, Иркутск, републиките Башкортостан и Дагестан, забележува економистот Александар Титков, цитиран во статијата.

Економската криза влијае врз сите субјекти на Руската Федерација, но тоа засега не предизвикува масовни протести. Ако сепак кризата се зајакне, експлозивни може да станат најпознатите руски региони, бидејќи домашното политичко управување не е флексибилно, ги резимира “Комерсант” заклучоците на КГИ.
Во врска со истиот извештај “РБК дејли” истакнува дека луѓето во Русија изразуваат незадоволство од власта со 15 отсто посилно отколку пред една година. Според експертите на весникот, цитиран од ББС, тоа може да доведе до протестно гласање во изборите за Државната Дума и локалните избори во 38 региони во 2016 година