Лидија сакала син. Нејзиниот сопруг е политички затвореник и отслужува 25-годишна затворска казна. Кога ќе излезе ќе биде на 50. Лидија го направила единственото можно ако се имаат предвид околностите – изнела тајно од затвор спермата на мажот.
Ова е приказна за 37-годишната Лидија, која живее во Беит Рима во Западниот Брег. За неа и нејзиното семејство раѓањето на нејзиниот син Мажд е еднакво на ослободување.
“Мажд е нашата победа”, вели таа за 18-месечното момче и додава дека со неговото раѓање се соочила против израелската окупација. Кога решиле да се венчаат Лидија знаела дека нејзиниот сопруг е вмешан во борбата против окупаторите. “Тоа ме натера да го сакам уште посилно” вели Лидија пред новинар на Ал Џезира.
Го апсета нејзиниот сопруг додека таа е бремена со нивното прво дете. Во овој момент многу од соништата на жената за иднината речиси гаснат, сон како овој да имаат уште деца.
“Добив од мојот сопруг примерокот со семена течност за време на едно од посетите во затвор, тогаш бев со ќерка ми. Таа рече:” Ајде тато, дај ми братче! “Бевме шокирани, но среќни”, раскажува Лидија.
Веднаш по посетите жената тргнува за медицинскиот центар во Рамала, каде што професионалци го вршат оплодувањето. Тоа се покажа успешно и девет месеци подоцна Мажд се појавува на виделина.
Кога е сосема мало бебето, Лидија го води во затвор, за да го покаже на нејзиниот сопруг.
Надзорниците сепак не и дозволуваат да му го покаже дури преку оградата. Тоа му било за казна, смета жената и вели дека од раководството на затворот дури побарале ДНК тест за татковство на момчето. Решаваат уште да ја продолжат пресудата на нејзиниот сопруг со два месеци и да го казнат со 1.300 долари.
Израелската управа на затворот и до денес не дозволува на таткото да го види својот син. Лидија носела во затвор само слики.
“На Мажд првите зборови и првите чекори без татко му да го види, тешко е”, раскажува Лидија, но е непоколеблива желбата Мажд да има и браќа.
Жени како Лидија го сочинуваат столбот на движење за отпор во Палестина, забележуваат од Ал Џезеира – како донатори на живот и чувари на семејните традиции.
