Германскиот канцелар Ангела Меркел ги поддржува повиците на Велика Британија за промени во ЕУ, пренесува “Гардијан”.
Пред бизнис лидери во Берлин таа истакна дека Германија и Велика Британија имаат слични грижи и дека Европа треба да ја подобри својата конкурентност.
Според неа, иако германската влада нема да се согласи со сите барања на Лондон, Германија ќе го поддржи ставот на Велика Британија за промени.
“Се согласувам дека Велика Британија треба да остане во ЕУ, но се разбира ова решение не зависи од нас, туку од Британците”, рече таа на конференција на Федералните унија на германската индустрија (BDI).
Според канцеларот Берлин и Лондон се загрижени за конкурентноста и подобро функционирање на ЕУ.
Меркел ги изрази своите ставови пред министерот за финансии на Велика Британија Џорџ Озборн и посочи дека ја прифаќа агендата на Велика Британија за промени во ЕУ.
По Меркел Озборн изјави дека ги поздравува зборовите на канцеларката.
“Се потесен унија веќе не е добро за нас”, истакна Озборн пред околу 1000 индустријалци во поранешно поштенско депо во Берлин.
Улрих Грило, претседател на BDI, истакна дека пораката на германските индустриски лидери е Велика Британија да остане во ЕУ.
Според зборовите на Озборн, ЕУ и земјите членки ќе добијат од реформирање на ЕУ и промени во договорите.
Реформите треба “да обезбедат правда за земјите од ЕУ на единствениот пазар, но и надвор од монетарната унија”, додаде тој, појаснуваат дека Унијата ќе добие од поставување на реформи и помалку бирократија.
