(ГАЛЕРИЈА) Егзотично бегство во Виетнам

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Со доаѓањето на студените денови многу луѓе имаат потреба да се потсетат на топлината и удобноста на летото. Затоа дури и во есен со ентузијазам разгледуваме убави и топли катчиња расфрлани во различни точки на земјината топка.c5d8da29bc995ea4022e2e2cccf97ef7

Упатувајќи поглед кон далечната Азија и попрецизно кон Виетнам, ја наоѓаме неверојатната резиденција Наман. Таа е позиционирана на познатата плажа Non Nuoc во виетнамскиот град Дананг крај Јужното Кинеско Море. Резиденцијата вклучува вкупно 40 вили, а денес ќе ви ја презентираме вилата “Градина”.

Таа е категоризирана со класата “B”, а единствената нејзина разлика со класата “A” е дека не се наоѓа директно на плажа. Архитектите сепак го претвориле недостатокот на “градина“ во вилата во плус, благодарение на прекрасниот поглед кон дождовните шуми и морето, кои се откриваат од неа.

Внатрешниот дизајн е не помалку гламурозен и се карактеризира со простор и модерен стил. Виетнамската вила располага со одличен инфинити базен, како и трим градина.

Влезете во нашата галерија и упатете се кон едно егзотично бегство во Виетнам, макар и само онлајн.

Фото: Hiroyuki Oki