Господа, колку често се размислувале зошто партнерката стенка за време на секс? Дали е само затоа што ја задоволувате сексуално или има и други причини? Следните редови ќе ви откријат малку повеќе за женските воздишки.
За да го насочи својот партнер во вистинската насока.
Женските воздишки за време на сексуален однос или љубовната игра имаат посебно значење. Понекогаш дамите го споделуваат она што им се допаѓа, а што не, а во други моменти емоциите го препраќаат партнерот таму каде сакаат да стигнат. Многу полесно е преку возбудата да покажат на партнерот што им се допаѓа, каде да потенцираат и кои нивни точки да ги стимулира.
За нивно задоволство.
Стенкањата ги тераат жените да се чувствуваат добро. Ова може да ја зголеми дополнително нивната возбуда. Во извесна смисла стенкањето во спалната соба е еден мал женски трик кој го зголемува задоволството, но и можноста од остварувањето на повеќекратен оргазам, ако истовремено со тоа се стимулираат и најжешките точки.
За задоволството на нивните партнери.
Да! Мажите ги сакаат женските воздишки на возбуда во спалната соба. Тоа ги прави да се чувствуваат како добри љубовници, победници и богови на љубовта.
За да се почувствуваат слободни и за да се ослободат од стресот.
Звучи чудно, но е факт. Кога една жена стенка, таа ужива во моментот. На оној момент во кој може да се ослободи од сите инхибиции, да даде слобода на сексуалните фантазии, да го елиминира стресот од секојдневниот живот. Стенкањата се вик за слобода.
Стенкање од болка.
Сексот понекогаш може да биде груб и жената да доживее болка, на која ќе одговори со стенкање. Во многу од овие случаи, господата го мешаат значењето на воздишката, па затоа е важно партнерката да им каже каде треба да дејствуваат нежно.
За да заврши сексот побрзо.
Некои мажи доживуваат толкав нагон кога партнерката стенка што достигнуваат доста брзо до оргазам. Од друга страна, тоа е еден мал трик кој дамите на кои им е досаден сексот го применуваат за да заврши половиот акт побрзо.