Секојдневно 1 милијарда луѓе уживаат во Фејсбук

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Секој ден во просек една милијарда луѓе уживаат социјалната мрежа Facebook, покажува извештајот на компанијата за третиот квартал на годината.4492440

“Беше добар период и постигнавме многу работи. Фокусирани сме на новодојдените и долгорочните иницијативи за да ги соединиме нашите корисници низ целиот свет “, коментира шефот на компанијата, Марк Цукерберг.

“Фејсбук” е најголемата социјална мрежа во светот, создадена од Цукерберг во 2004 година.