101
Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино за решавање на спорните прашања.
Иако се очекуваше дека решението е на повидок, сепак, извори од работните групи за „Мета“ тврдат дека сè уште нема целосен договор за законот за влада и за законот за приватност (прислушувани материјали).
Оптимистичките прогнози велат дека, сепак, најдоцна до утре би требало да се имплементираат сите договорени прашања за кои партиите се обврзале на средбите во Пржино.
На средбата, освен стандардните претставници на политичките партии, присутен е и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.