Најмалата жртва на несреќата на рускиот авион во Египет може да помогне за разоткривањето на мистеријата што точно се случило со А321, пред да паддне.

10-годишната Дарија Громов од Санкт Петербург била на одмор во Шарм ел Шеик заедно со нивните родители, пред тие да загинат во авиокатастрофата со уште 221 лица.Телото на девојчето беше пронајдено на повеќе од 30 километри од местото на несреќата, што укажува дека авионот може да експлодирал порано отколку што сметаа авијациските експерти до сега. Тоа ги принуди иследниците да ги прошират периметарот на пребарувања област – и може да доведе до откривање на пропуштени до сега индиции, пишува “Дејли Меил”.
Потрагата на жртвите и фрагменти од авионот до сега беше ограничена на помал простор, но по откривањето на телото на Дарио толку далеку од местото на несреќата периметарот на претресени територија беше зголемен до 40 километри. Зашто местото на кое беше отворено телото на девојчето, е поблиску до аеродромот, и може да се претпостави дека експлозија на авионот го раскинал трупот на машината веднаш по полетувањето. Рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Светелски ја потврди информацијата дека телото на девојчето е најдено. Остатоците на нејзината мајка и татко претстои да се најдат. Громов, кој е син на пилот од руските воздухопловни сили, бил компјутерски специјалист, а жена му била организатор на изложби. Бабата на Дарио, Елена Громов изјави за руски медиуми дека таа барала пред младите родители детето да остане со неа, додека тие се на одмор, но двојката категорично одбила.”Сакаа да си го земат детето со себе, за да може да плеска со ноџињата во морето”, изјави таа.
Американското и британското разузнавање во резултат на заедничка операција со употребата на сателитски следење успеале да ги пресретнат наводните пораки на терористичката група “Исламска држава” за бомба во рускиот авион А231. Ова го пишува “Тајмс”. Според податоците на весникот, тајни служби пресретнале електронски пораки меѓу исламистите од ИД во Сирија и на Синајскиот полуостров во Египет, каде се урна машината. Експлозивната направа била пренесено во патничкиот багаж, пред да биде вклучено во самиот авион. Весникот забележува дека на патниците кои наскоро ќе почнат да го напуштаат одморалиштето Шарм ел Шеик, нема да им биде дозволено да го земаат багажот со себе на летот на авионот. Багажот ќе им биде доставен со посебни специјални летови со зголемени мерки за безбедност. Претходно друго британско издание соопшти дека вработените на специјалните служби на Велика Британија пресретнале пораки на ИД, во кои се дискутира подготовката на атентатот. Токму поради оваа информација британскиот премиер Дејвид Камерон ги забранил летовите кон и од Шарм ел Шеик, поради што околу 20 000 Британци се блокирани во египетските одморалишта. “Одбивањето на летови во Египет од безбедносни причини е донесено во врска со тоа дека британското разузнавање пресретнало пораки кои покажуваат дека ИД подготвувале голем терористички акт во регионот”, пишува весникот.