“Шарл Ебдо” за трагедијата со А321 !?

од Vladimir Zorba
198 прегледи

 Списанието “Шарл Ебдо” објави две карикатури на урнатиот во саботата руски патнички авион А321,на полуостровот Синај  пренесе Интерфакс.

20151106.jcittxklug

На првата карикатура  се отсликува паѓањето  тела и остатоци од авионот врз главата на терорист. Коментарот одоздола гласи “Руската авијација го  зајакна бомбардирањето “.Рускиот пратеник, член на Комитетот за надворешни работи Игор Морозов ја коментира публикацијата: “Да се потсмеваш над несреќата  која се случила над Синај е недозволиво. Стремежот на “Шарл Ебдо” кон оригиналност  шокираше. Ненамерно се сеќаваш за трагедијата што се случи во јануари оваа година во самото издание. Ми се чини дека новинарите сами си провоцираат насилните дејствија спрема нив “.