СДСМ: Македонија порачува, збогум Никола!

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Победи Македонија, ова е нов почеток за сите нејзини граѓани!

Почитувани граѓани,

Денеска победи Македонија!

 

СДСМ-седиштеОва е нов почеток за сите граѓани на нашата татковина, Република Македонија.
Започнува нормализација на институциите и процес за создавање на одговорна власт којашто ќе работи само за интересот на граѓаните на Македонија.
Граѓаните сакаат промени на лошите политики и тие промени ќе се случат на изборите на 24-ти април!
Падот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е незапирлив процес.
Македонија победува за враќање на демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото.
Македонија победува за подобар живот, за враќање на парите кај граѓаните и нивното достоинството.
Македонија победува за младите да имаат обезбедена иднина дома, во сопствената земја.
Победува европска Македонија!
Македонија порачува: Збогум Никола!, пишува во денешното соопштение на СДСМ.