Москва одговори на провокацијата, која ја објави скандалозното француско издание “Шарл Ебдо”. Списанието објавува две карикатури на урнатиот во саботата на полуостровот Синај, на рускиот патнички авион А321. На првата се гледа о паѓање тела и остатоци од авионот врз главата на терорист. Коментарот одоздола гласи “Руската авијација го зајакна бомбардирањето си”. 
“Уште некој дале е Шарл?”, Праша реторички претставникот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, цитирана од ТВ каналот “Ѕвезда”.

Така таа потсети на трагедијата во при што беа застрелани новинари од весникот поради подбивање со пророкот Мухамед. Тогаш низ целиот свет имаше поворки под мотото “Јас сум Шарл”.
“Шарл Ебдо” за трагедијата со А321 !?
Рускиот пратеник, член на Комитетот за надворешни работи Игор Морозов ја коментира публикацијата: “Да се потсмеваш над несреќата која се случила над Синај е недозволиво. Стремежот на “Шарл Ебдо” кон оригиналност шокираше. Ненамерно се сеќаваш за трагедијата што се случи во јануари оваа година во самото издание. Ми се чини дека новинарите сами си провоцираат насилните дејствија спрема нив “.