Херој од рускиот авион: Умреа повеќе од 40 луѓе, но тој за чудо преживеа

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Детео извлечено од разурнатиот труп на рускиот теретен авион кој се урна во Јужен Судан имал луда среќа. Тој е еден од двајцата кои живи беа извлечени од урнатиот авион.

688683_ruski-teretni-avion-beba-juzni-sudan06foto-reuters_ff

Детето со потекло од Јужен Судан извлечено е со полесни повреди. Бебето кое нема наполнето ни една година стана херој на несреќата бидејќи е единствено кое го преживеа падот на авионот.Другиот човек кој беше извлечен од распаднатиот авион подоцна им подлегна на повредите.

На местото на падот на авионот во близина на реката Бел Нил, можело да се видат крвави тела на погинати патници, расфрлани на сите страни. Меѓу нив се наоѓаа 12 патници и 6 членови на екипажот,од кои 5 Ерменци и еден Русин. Вкупно животот го загубија најмалку 41 лице.

Од погинатите, 18 се наоѓале во авионот, додека останатите жртви се жители на Јужен Судан кои се наоѓале во близина на падот на авионот.