Чилеанската влада објави дека Нобеловецот за литература Пабло Неруда може да бил убиен по пресвртот од 1973 година, кога на власт дошол Аугусто Пиноче.

Министерството за внатрешни работи објави соопштение во кое се наведува дека е можно Неруда да не починал од рак, како што се веруваше до неодамна.
Во соопштението се наведува документ на министерството од март оваа година, во кој што стои дека е многу веројатно за смртта на Неруда да има вмешана „трета страна”.
Сепак министерството нема официјален став за случајот.