Зошто е “недофатлива” египетската филијала на ИД, осомничена за авиокатастрофата над Синај!?

од desk3
94 прегледи

Единицата на “Исламска држава”, осомничена за соборувањето на руски авион во Египет, се измолкнува на службите за безбедност, дејствувајќи преку тајни клетки по идеја на лидер, кој заработувал за живот со увоз на облека, велат претставници на египетското разузнавање.

3a42672c87f52592916e49b1d1f3ac74

Западните претставници се почесто ја обвинуваат за напади групата “Провинцијата Синај” (поранешна “Ансар ал Беит Макдис” ) заа убиствата на египетските војници и полицајци, откако по масовни протести во 2013 година војската го собори претседателот Мохамед Морс од движењето “Муслимански браќа”.

Ако се откријат убедливи докази дека таа го нападнала авионот, тоа веднаш ќе ја истрела групата на врвот на џихадистичката хиерархија со еден од најкрвавите напади, откако во 2001 година Ал Каеда урна авиони во зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Ако бомбата експлодирала во Ербас А321 во воздухот, тоа ќе ги побие тврдењата на египетските власти дека се ставени под контрола екстремистите, кои извршиле предизвикувачки напади врз високи владини претставници и западни цели.

Експертите за безбедност и истражни дејсвија, изјавија дека е малку веројатно авионот да бил погоден од надвор, а исто така е малку веројатно екстремистите од Синај да располагаат со ракети, способни да удрат авион на височина над 9000 метри.

“Провинцијата Синај” делумно е производ на напорите на Египет да го уништи екстремизмот, кој ја застрашува со децении најнаселената арапска држава, велат извори од разузнавањето.

Според тројца високи претставници кои внимаваат на екстремистите, многу од тамошните борци избегале во Сирија, откако Морси беше соборен и тогашниот командант на вооружените сили Абдел Фатах ас Сиси ги фрли силите за безбедност против исламистите – како радикалните, така и умерените .

Водачот на “Провинцијата Синај” – 42-годишен поранешен увозник на облека, познат по псевдонимот Абу Осама ал Масри – кој студирал во “Ал Азхар”, милениуми египетски центар за исламски науки, ја поддржува управата, наведуваат претставниците. Како и другите, учеле во познатиот со умереноста центар, но тој сепак се радикализира и се обучува за вооружени дејствија во Синај, а кога по соборувањето на Морси безбедносните сили ги ставија под репресија исламистите, тој и уште 20-тина негови следбеници заминале за Сирија , посочуваат тие.

Тие станаа експерти

Таму Ал Масри и останатите борци стекнато искуство, кое требало да им биде корисна при евентуалното нивно враќање во Синај, а откако “Исламска држава” влегла во контакт со нив, ја прифатиле нејзината цел за воспоставување на калифат во муслиманскиот свет. Тие изгледа биле хипнотизирани од мистериозниот лидер на “Исламска држава” во Ирак Абу Бакр ал Багдади, велат изворите.

ИД испрати со брод оружје и пари од Ирак во соседна Либија, каде екстремистите најдоа плодна почва во хаосот, настанат по соборувањето од власт на Моамер Гадафи во 2011 година, рече друг претставник на разузнавањето.

Потоа слабо обезбедуваната граница дала можност на поддржувачите на Багдади да патуваат до Синај, на другиот крај на Египет, за да ги испорача товарите за другарите на исламистичките борци, дополнуваат тие.

“Други екстремисти ги обучуваат што да прават, за да не бидат фатени, научиле да пукаат прецизно и да поставуваат бомби”, изјави еден од изворите од разузнавањето, кој побарал анонимност. “Тие станаа експерти”, додава тој.
Вил Маккантс, директор на Центарот за блискоисточна политика кон вашингтонскиот институт “Брукингс”, истакна дека не се знае многу за врските меѓу филијалата на ИД во Синај и централата на организацијата. Египетската група сепак, слично на други единици, изгледа ужива значителна автономија.

Поради државните репресии против “Муслимански браќа” и други исламисти Синајската гранка на ИД доби значителна локална поддршка, дозволувајќи им на борците да се кријат и делуваат, сместени меѓу обичните луѓе, рече тој.
Недофатливи

Претставници на службите за безбедност велат дека при управувањето на Морси, борци од Ал Каеда, вклучувајќи такви кои патувале дури до Авганистан, имале целосна слобода на дејствуваат во Синај.

Тие бројат околу 4.000 лица и биле јадрото на “Провинцијата Синај”, која пред да ја објави својата поддршка за “Исламска држава” минатата година, се викаше “Ансар ал Беит Макдис”, посочуваат изворите.

При репресиите на Ал Сиси (кој денес е претседател) над исламистите, многу екстремисти беа убиени или фрлени во затвор или избегаа во земји како Сирија и Либија.

“Провинцијата Синај” денес се состои само од неколку стотици борци, распределени во групи од 5 до 7 луѓе кои имаат малку врски едни со други за да се намали шансата да бидат пресретнати, објаснуваат претставниците.

“Тие се многу тајни. Одделните клетки не знаат за другите”, вели еден од изворите од разузнавањето. “Бројот на борците е мал, но и еден екстремист е доволен за да изврши самоубиствен бомбашки напад”, забележува друг.

Минатата година претставници на службите за безбедност соопштија дека Ал Масри и неколкумина други лидери се убиени. Подоцна тој се појави во видео за да докаже дека е жив, и ја потврди посветеноста кон Багдади. На снимката Ал Масри е клекнат до оружје, за кое вели дека е запленето од 30 убиени егиспетски војни . Во позадина се гледаат оклопни возила во пламен.

Племенски водач во Синај, изјави за Ројтерс дека во последно време е забележано борци на “Исламска држава” да се движат со нови автомобили “Тојота ланд крузер”. Некои од нив имале компјутери “Епл”. “Тие изгледа стануваат амбициозни”, истакна тој.