Компанијата “Епл” објави дека следниот во генерацијата iPhone 7 ќе може да се исклучува или да се прилагодува на посебен “Паничен режим”, ако сопственикот е во опасност.
Паничниот режим може да работи како обичен аларм кој ќе се активира во одредени услови, додека сопственикот на телефонот не го “смири” уредот дека е безбеден. Во режим на паника уредот може да вклучува камера или микрофон, кој на пример ќе сними крадци при евентуален грабеж.
Тој исто така ќе може да испраќа информации до властите, кои можат да го следат сигналот и да пристигнат кај сопственикот во случај на потреба. Корисниците ќе можат да изберат еден од прстите, со кој ќе го управуваат паничниот режим, пишува “Индипендент”.