ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ зборува за медиумски слободи е исто како Ал Капоне да зборува за редовно плаќање данок

од desk3
117 прегледи

„Кога СДСМ зборува за медиумски слободи е исто како Ал Капоне да зборува за редовно плаќање данок или Заев да зборува за одбрана на името на Македонија. СДСМ е единствената политичка партија која организираше протест пред приватен медиум упатувајќи закани заради уредувачката политика и пред националниот сервис заканувајќи се со насилно преземање на уредништвото на МРТВ.

вмро дпмне

За СДСМ медиумска слобода има само кога во секој медиум ќе има по еден Саше Политико и сите медиуми ќе ги слушаат наредбите на нивниот центар за комуникации. Овие наредби од СДСМ редовно се издаваат на нивните медиумски послушници финансирани од СОРОС, за што јавноста уште еднаш се увери со скандалот во кој беше вклучена НОВА ТВ и веста која по наредба на Центарот за комуникации на СДСМ се рашири на другите „сестрински“ медиуми

За СДСМдобар медиум е само медиумот кој ги игнорира нивните погубни политики и безидејноста и се сложува со нивните лаги и манипулации. Ваквите медиуми им се потребни на СДСМ бидејќи во отсуство на соросовата психотерапија која ја конзумираат секојдневно, ни тие самите нема да си веруваат на сопствените конструкции. СДСМ се обидува да пласира бесмислени тези за немање медиумски слободи во период кога се отвараат нови дневници и неделници финансирани од СДСМ и Сорос.

„Нивните „театарче лево ќоше“ портали се репродуцираат како глувци, а половина национални тв концесионери променија уредници кои не биле доволно позитивно настроени кон политиките на СДСМ“, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.