ДУИ: Тензиите во Крива Паланка се непотребни

од desk3
127 прегледи

Слободата на вероисповест и изразување на верската припадност без никакви притисоци, претставува цивилизациска придобивка, која е составен дел на речиси сите меѓународни конвенции кои се однесуваат на човековите слободи и права.

дуи8

ДУИ смета дека тензиите во Крива Паланка се непотребни, особено затоа што тие се мотивирани за да предизвикуваат верска нетрпеливост во оваа средина. Спротивставувањето на изградбата на еден верски објект на муслиманската заедница се случува во една средина каде што верската разноликост треба да се смета за богатство а не за хендикеп во односите меѓу луѓето со различни идентитети.

Македонија е под будното око на меѓународната заедница и ваквите настани не одат во прилог на патот кон европските интегративни процеси. Затоа, апелираме сите недоразбирања од меѓуверски и меѓуетнички карактер да се решаваат преку институциите на системот и преку дијалог меѓу граѓаните“, потенцираат од ДУИ.