Тим Пик уверува дека воопшто не чувствува страв да стане првиот британски астронаут кој ќе престојува во Меѓународната вселенска станица (МВС). Тој се радува дека наскоро ќе може таму да јаде сендвич со сланина и божиќен пудинг.

Поранешниот пилот на хеликоптер треба на 15 декември да полета од космодромот Бајконур во Казахстан со рускиот вселенски брод “Сојуз” за 5-месечна мисија на МВС.
“Еден сон станува реалност”, изјави 43-годишниот Пик на прес-конференција во Музејот на науката во Лондон. Новинарите му поставија многу прашања на оној што ќе стане вториот Британец во вселената по Хелен Шерман во 1991 година
Пик појасни дека нема намера да сними верзија на хитот “Major Tom” на Дејвид Боуви во вселената и дека не чувствува никаков страв во врска со претстојната долга мисија.
“Во текот на 18 години бев пилот на хеликоптер, а тоа е поврзано со повеќе ризици во секојдневниот живот – истакна тој. – Поминав низ многу вежби кои ме подготвуваат за секакви ситуации.”
Пик ќе полета за МВС заедно со американскиот астронаут Тимоти Копра и рускиот космонаут Јуриј Маленченко, за кого ова ќе е 6-та мисија.