Во зграда во близина на Гетеборг, која се преуредува за прифаќање на бегалци изби пожар, соопшти полицијата.

Зградата која претходно ја користеле извидници изгорела до темел, а оштетени се и некои околни згради. Причината се уште не е утврдена, а во пожарот нема повредени.
Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
Од септември досега се случија повеќе од 20 пожари во постоечки прифатни центри и во простории кои се преуредуваат за сместување на бегалците/
Шведската агенција за миграција објави дека веќе нека да изнесува во јавност адреси за новите бегалски центри, во обид да ја смали опасноста од непријатни ситуации.
Шведските власти проценуваат дека оваа година азил ќе побараат помеѓу 140.000 и 190.000 луѓе, за што земјата нема доволно капацитети.