Зошто не треба да имате секс со поранешниот

од Vladimir Zorba
138 прегледи

И така – раскинавте со неодамнешниот партнер. Двајцата едноставно не сте еден за друг и патиштата ви се разделиле.86e22bd78a3a450787a64d34532bcf07

Независно од проблемите поради кои разделбата е факт, сепак има едно единствено нешто за што никогаш не сте имале контрадикции – сексот.

Од оваа причина вие сте склони да мислите дека е подобро да се добие оргазам со помош на поранешниот, наместо да барате други потенцијални сексуални партнери.

На прв поглед идејата не изгледа лоша, но всушност е подобро за вас да се воздржувате од секс со поранешниот омилен.

Зошто? Еве неколку причини:

Не си давате можност да “продолжите напред”

Додека продолжувате да останете дури само во сексуални односи со својот поранешен партнер, тоа ви пречи да сретнете друг човек. Дури и чисто психолошки. Освен тоа не можете да се почувствувате целосно независни и неврзани. А ако не можете да научите да бидете среќни кога сте сами, тоа значи дека никогаш нема да бидете такви и со друг човек.

Сексот без емоции не постои

Би било навистина прекрасно, ако може да се “исклучат” своите емоции, кога имате секс со поранешниот, нели? За жал, тоа нема да се случи. Колку и да се лажете дека тоа е “само секс”, вистината всушност е друга. Сепак до неодамна сте биле пар со овој човек и сте имале чувства кон него. И веројатно нема да ви се допаѓа, ако додека имате “само секс”, го видите да излегува со друга жена. Откако веќе сте страдале при разделбата, зошто треба да си го предизвикувате истото повторно?

Каде е гордоста?

Во случај да поранешниот е оној кој посакал да се разделите, не би требало да останете во какви и да е односи повеќе со него. Инаку излегува дека тој не сака да вложува нешто и да биде до вас, но нема ништо против да имате секс. Ако вие се согласувате на слична одредба, тоа покажува дека имате ниско самопочитување.

Фото: Istock

Ќе наидете во еден бесконечен и маѓепсан круг

Како што веќе рековме, додека сè уште сте врзани на некој начин со поранешниот, тоа нема да ви овозможи целосно да се ослободи од неговото влијание и да ја најдете среќата некаде на друго место. Подобро е да се воздржувате од секс одреден временски период, отколку да паднете во бескраен и маѓепсан круг.

Се претворате во еден инструмент

Можеби токму во овој момент од животот сакате само да се забавувате и да имате секс без обврзување, но длабоко во себе копнеете да најдете човек кој сака да е до вас, а не само вашето тело. Не дозволувајте поранешниот да ве претвори во еден инструмент, благодарение на кој ги задоволува своите потреби.