4 нешта кои продуктивните луѓе ги прават секое утро

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Уште едно утро, уште еден ден во канцеларијата, пораки, крајни рокови. Познато ви е, нели? За да бидете успешни во работата, треба најнапред да ви се допаѓа она што го правите. Потоа ви треба многу малку за да ја разбудите продуктивноста во вас и да се финализира секој ден со желба за уште и уште успеси.
d9fbeaf21069eada6226a08bdbb7cadd

Потребни ви се основните правила на продуктивните луѓе кои ги прават секое утро во првите десет минути од стапнувањето во канцеларијата. Започнете со чаша ароматично кафе или чај и додека пешачите кон бирото, не заборавајте да ги поздравите колегите и да си размените неколку пријатни зборови.

Има уште неколку чекори кои треба да ги направите пред да започнете со работа:

Напишете три работи за кои сте благодарни
Според голем број на студии луѓето кои имаат свој мал дневник на благодарност се посреќни и попродуктивни. Сигурно има многу нешта за кои сте благодарни секој ден кога ќе се разбудите. Запишете три од нив. Оваа вежба ќе ви наполни со бодрост, ентузијазам, одлучност, оптимизам и енергија.

Прочитајте инспиративен цитат
Најпродуктивните луѓе пронаоѓаат инспирација во сè и особено во мотивирачки мисли. За нив формулата на успехот се состои во позитивното размислување и ставот кон она што го прават. Затоа читајќи секојдневно инспиративни цитати, вие го обучувате вашиот мозок да размислува позитивно.

Чисто биро
Убаво е секое утро да одделите по 2-3 минути, за да го претворите изгледот на бирото во еден амбиент пријатен за работа. Не заборавајте да се опколите со повеќе бои, пејзажи, растенија и воопшто нешто што би ви дало инспиративен почеток на работниот ден.

Погледнете во То do листата за денот
Ако сакате да бидете продуктивни, од клучно значење за вас е да определите време, во кое ќе ги надгледувате вашите задачи. Да процените кои се приоритетни и кои се прилагодени на вашите цели.