Италијанската полиција фати туниски државјанин, припадник на исламска терористичка група, кој билмеѓу мигрантите што минатиот месец беа спасени од морето и веднаш ги врати дома.

38-годишниот Бар Наср Мехди е спасен од Средоземното Море на 4 октомври во акција на поморските сили заедно со уште 200 лица и се пренесени на италијанскиот остров Лампедус.
После земањето на отисоци, властите откриле дека тој лажно се претставил и дека во 2008 година била фатен во Италија, бил осуден на седум години затвор поради тероризам и бил протеран од земјата со забрана за влез по отслужувањето на казната.
-„Со ова се потврдува оправданоста на стравот дека терористи влегуваат во Европа со чамците заедно со очајните луѓе“-пишува Ла Република.
Мехди бил уапсен заедно со тројца Тунижани на кои исто така им бил забранет влез во Италија.