Далеку не сите војни започнати од американските власти, биле без грешки, пишува The National Interest.

На прво место е рангирана Англоамериканската војна (1812-1815 година) или како уште ја нарекуваат Втората војна за независност. САД се лошо подготвени за неа. Инвазијата во Канада е пробиена. За време на морските борби супериорноста е на страната на Кралскиот ВМФ. Британските војници го ограбуваат и запалуваат Вашингтон.
На втората позиција е Војната за Црните ридови против Индијанците сиукси и шајени (1876-1877 година) NI ја нарекува оваа војна една од најлошо испланираната во историјата на земјата против домородното население, при што американските војници поднесуваат еден од најголемите порази во конфликтот со Индијанците – уништувањето на Седми коњички полк.
Третото место е определено за учество на САД во Првата светска војна (1914-1918 година) Отпрвин САД ја сметаат војната за работа на Европа. Откако Германија напаѓа американски брод и го потопува, Вудроу Вилсон е принуден да прифати учество во војната. За 18 месеци САД губат 116 илјади луѓе.
На четвртата позиција е интервенција на САД во војната во Виетнам (1965-1973 година) Тоа е најдолгата војна на САД, однела огромни загуби во луѓе, опрема и меѓународен престиж.
Последното петтото место NI го одредува за инвазијата на коалициските сили во Ирак (2003) со цел соборување на владата на Садам Хусеин, воспоставување на пријателски режим, а исто така се спречи ширењето на оружје за масовно уништување но и се застана на патот на влијанието на терористичката организација Ал Каеда . “Секој мотив за овој потфат се чини апсурден” – се вели во публикацијата. САД задржаа убедлива победа над ирачката армија, но не успеаја да воспостават ред во земјата.